понеделник, 21 октомври 2024

Лавров во Техеран. Русите велат дека ги зајакнуваат односите со Иран

Русија и Иран во атмосфера на „доверба“ ги зајакнуваат билатералните односи, соопшти рано утринава руското Министерство за надворешни работи откако шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров беше примен од иранскиот претседател Ебрахим Раиси за време на неговата посета на Техеран.

Објавено на

часот

Сподели

„Во традиционалната атмосфера на доверба, суштински се разговараше за тековните аспекти на билатералната програма со акцент на натамошната изградба на целиот комплекс на мултилатералното руско-иранско партнерство“, соопшти Министерство за надворешни работи.

Лавров, кој замина во Техеран набргу по патувањата во Кина и Северна Кореја, разговараше за енергетски и логистички проекти со иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан.

Лавров учествуваше и на регионалните разговори, чиј домаќин беше Иран, за постигнување мир во регионот на Јужен Кавказ, откако азербејџанските сили минатиот месец го вратија регионот Нагорно-Карабах, принудувајќи илјадници етнички Ерменци да избегаат.

Откако ја започна својата опсежна инвазија на Украина во февруари 2022 година, Москва се обидува да ги зајакне врските со Иран. Украина го повика Техеран да престане да ја снабдува Русија со смртоносни беспилотни летала, за кои Киев вели дека одиграле голема улога во нападите на Москва врз украинските градови и инфраструктура.

Иран првично негираше дека ѝ испорачувал на Русија беспилотни летала камикази Шахед, но подоцна рече дека испорачал мал број пред Москва да ја започне војната. Соединетите Држави соопштија дека се загрижени поради „растечкото одбранбено партнерство“ меѓу Иран и Русија, што претставува ризик не само за Украина, туку и за соседите на Иран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ