сабота, 19 октомври 2024

Лавров: Обидите на Западот да ја изолира Русија целосно пропаднаа

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров кажа дека обидите на Западот да ја изолира Русија целосно пропаднале бидејќи, како што кажа, рускиот претседател Владимир Путин има голем број различни странски партнери.

Објавено на

часот

Сподели

Лавров денес одржа говор во Советот на Федерацијата, горниот дом на рускиот парламент.

„Политиката насочена кон изолација на Русија пропадна. Доволно е само да се спомнат бројните примери на интеракција на претседателот Путин и неговите странски колеги. Ние, како што гледате во реалноста, сме спремни за таков предизвик и ќе продолжиме цврсто да ја браниме нашата вистина.

Не се прилагодуваме на концептите и шемите кои ги предлагаат други земји. Надворешнополитичката агенда ја обликуваме сами, водејќи се од сопствени приоритети, почитувајќи ги признатите норми на меѓународното право и водејќи сметка за интересите на нашите партнери, кои се спремни да соработуваат со над врз основа на заемната почит и уважувањето на суверените интереси“, кажа Лавров, а пренесува ТАСС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ