понеделник, 21 октомври 2024

Лавров ги обвини САД, Јапонија и Јужна Кореја дека се подготвуваат за војна со Северна Кореја

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини Соединетите Американски Држави, Јужна Кореја и Јапонија дека се подготвуваат за војна со Северна Кореја, пренесува Асошиејтед прес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лавров во Обединетите нации кажа дека новиот воен блок кој го формираат САД ги јакне воените активности и спроведува големи вежби.

„Реториката на Јужна Кореја стана уште понепријателска кон Пјонгјанг“, кажа шефот на руската дипломатија. „Од Јапонија исто така доаѓаат остри пораки и сериозно се зборува за поставување на инфраструктура на НАТО со помош на САД“, тврди Лавров.

Тој истакна дека целта на тој воен блок е јасно изразена. „Тие се спремаат за војна со Северна Кореја“, оцени рускиот министер.

Лавров кажа и дека САД, Јужна Кореја и Јапонија исто така разговарале за развој на меѓусебната соработка. „Прилично е смешно како тоа го формулираат, но јасно е дека станува збор за соработка поврзана со нуклеарното оружје“, кажа тој.

Минатата недела тие три земји спроведоа заеднички поморски вежби во кои учествуваше американски носач на авиони, што претставува демонстрација на сила кон Северна Кореја во очите на сојузниците.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во изминатите недели нареди цела низа тестирања на разновидно оружје, но и им се закани на Јужна Кореја и САД дека ќе одговори на нивните воени провокации.

Лавров кажа дека односите на Москва и Пјонгјанг „се развиваат активно и квалитетно“.

„Гледаме дека Северна Кореја се обидува да биде независна од надворешни влијанија“, кажа шефот на руската дипломатија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ