сабота, 19 октомври 2024

Лавров: Без оглед на резултатот на американските избори, Русија во нивните очи и понатаму ќе биде непријател

Без оглед на исходот на претседателските избори во Соединетите Американски Држави, Русија за Вашингтон и понатаму ќе биде ако не непријател, тогаш барем конкуренција, кажа шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за рускиот медиум Аргументи и факти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во деловите од интервјуто кои ги пренесува РИА Новости, а кое во целост ќе биде објавено на 21 октомври се наведува дека изјавите на американскиот претседател Џо Бајден за спремноста на Вашингтон на преговори со Русија за нуклеарното оружје се само предизборни фрази со кои сака да добие поени за кандидатката на демократите Камала Харис.

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември. Кандидат на републиканците е поранешниот претседател Доналд Трамп, а на демократите актуелната потпретседателка Камала Харис.

Коментирајќи го истиот овој феномен, портпаролот на Кремљ во една прилика истакна дека ни за време на претседателскиот мандат на Трамп ништо добро не се случувало за Русија, потсетувајќи дека и тогаш беа воведени голем број санкции против Москва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ