Минатата година, Барселона беше вмешана во голем скандал откако беше откриено дека „каталонците“ му исплатиле над 7 милиони евра на поранешниот потпретседател на судиите, Енрикез Негреира.
Клубот од Камп Ноу беше обвинет дека на овој начин влијаел врз судиите и „купувал“ поволни одлуки во нивна корист.
Целиот случај заврши на суд, но на крајот немаше доволно докази да се поткрепат ваквите сериозни обвинувања, и Барселона доби ослободителна пресуда.
Па Жоан Лапорта го искористи ова за жестоко да го нападне Реал Мадрид.
„Реал Мадрид играше многу валкано со сите тие извештаи против судиите на нивната телевизија. Сакаа да ја променат историјата и она што се случуваше во нивна полза“ – вели првиот човек на Барселона.
„Сите контроверзни судиски одлуки беа во нивна корист. Реал Мадрид е клубот кој е фаворизиран од судиите“.
„Тие живеат во една друга реалност, која во основа не постои, бидејќи ако има клуб кој е фаворизиран од судиите, тоа е Реал Мадрид, а не Барселона“.
„Никој не можеше да докаже дека ги купивме судиите, затоа што никогаш не го направивме тоа. Оваа кампања имаше за цел да го уништи нашиот углед. Не осудија уште пред да започне судскиот процес“.