вторник, 22 октомври 2024
Младата ѕвезда на Барса ја прескокна церемонијата „Златно момче“

Ламине Јамал не дојде во Торино на собирот на најдобрите млади фудбалери, приоритет му даде на школото!

Младата ѕвезда на Барселона, Ламине Јамал синоќа не присуствуваше на церемонијата „Златно момче“ во Торино, напаѓачот се решил на еден ваков потег со цел денеска да оди во школо и да не пропушти часови.

Објавено на

часот

Сподели

Тутоспорт синоќа ги прогласуваше најдобрите фудбалери под 21 година, наградата „Златно момче“ му припадна на Џуд Белингам од Реал Мадрид.

На пиедесталот уште се најдоа и Џамал Мусиала и Ламине Јамал, кој исто така доби посебно признание и наградата „Најмладиот“ откако со само 16 години се најде во потесна конкуренција.

Младата ѕвезда на Барселона сепак не присуствуаше на церемонијата во Торино и има прилично интересна причина зошто лично не го подигна трофејот.

Имено, Ламине Јамал се решил на еден ваков потег со цел денеска да оди во школо, напаѓачот не сакал да пропушти часови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ