петок, 18 октомври 2024

Лајка почна со залов на кучиња во Гази Баба

Објавено на

часот

Сподели

„Нашиот тим на заловувачи оваа недела од 31 јули до 4 август ќе заловува во општина Гази Баба и тоа во следните реони: Железара, Фабрика Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово“, информираат од ЈП Лајка.

Втората недела од стратешкото заловување од 7-ми до 11 август тимот на ЈП Лајка ќе заловува во Раштак, Булачани, Виниче, Црешево, Смилковци, Страчинци и Брњарци.

„Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман. Доколку граѓаните од гореспоменатите реони имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на [email protected], велат од претпријатието.

Исто така, граѓаните може и да помогнат во акцијата, со тоа што сами би пријавиле бездомно куче, кое можат сами да го однесат во стационарот на ЈП Лајка со претходна најава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ