вторник, 22 октомври 2024
Прес-конференција на СДСМ

Кузеска: Нови политички околности откако Мицкоски кажа дека не е против уставни измени

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролката на СДСМ рече дека од друга страна, е прифатено барањето измените на Уставот да важат одложено, односно од денот на одржувањето на втората меѓувладина конференција и дека исто така ер прифатено барањето за избори што понатаму ќе ги спроведе заедничката влада.

„СДСМ како одговорна, државотворна партија повторно покажа државнички капацитет и уште еднаш потврди дека иднината на граѓаните и интересот на државата се на прво место. Сега врз основа на новите околности на политичката сцена потребно е дијалогот да продолжи. Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се целосно заштитени.

Преговарачката рамка во себе ги содржи сите гаранции, преговорите се одвиваат и ќе продолжат да се одвиваат на официјален македонски јазик, без фусноти и додавки, јазик рамноправен со останатите јазици на ЕУ. Дополнително, една голема европска држава наскоро ќе донесе Резолуција со која се потврдува дека се препознава и признава недвосмислено македонски јазик, идентитет и македонска култура. Членството во ЕУ е стратешка цел на државата, врвен приоритет на генерации македонски граѓани и оттаму, обврска на сите политички субјекти да се реализира таа цел. Потребно е национално единство да го заокружиме овој процес, да обезбедиме европска иднина за сегашните и идните генерации. 

По вчерашната сдредба имаме нови околности на политичката сцена и токму тие нови околности се повод за свикување на Извршниот и на Централниот одбор, а секако дека тема ќе бидат начинот и формата со која што понатаму ќе продолжат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ“, рече портпаролката Богданка Кузеска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ