четврток, 10 октомври 2024

Кусите видеа на Јутјуб од 15 октомври ќе може да траат до три минути

Популарнит „куси видеа“ (Shorts) на Јутјуб ќе траат подолго. Поточно, од 15 октомври авторите ќе можат да снимаат кратки видеа во траење до три минути.

Објавено на

часот

Сподели

Кусите снимки ќе добијат и шаблони што ќе може да се испробаат со притискање на копчето „ремикс“ на видеото и со избирање на опцијата „употреби шаблон“ (Use this template). Исто така, како што се соопштува – наредниве месеци корисниците ќе можат да ремиксираат клипови од избрани содржини на Јутјуб, па дури и да извлекуваат делови од повеќе видеа.

Има нова страница „шортс трендс“ (Shorts Trends) на мобилната верзија, па корисниците наскоро ќе можат да ги прегледуваат и коментарите во изворот на кусото видео.

Ако случајно не ви се допаѓаат овие куси видеосодржини, на почетокот сe воведува и опција за нивно прикажување во помал број и поретко. Но, ова ќе работи само привремено.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ