среда, 6 ноември 2024

ДУИ вечерва со протестна прес-конференција пред Уставен суд за укинувањето на „балансерот“

Вечерва, Демократската унија за интеграција, со своевидна протестна прес-конференција реагираше на денешната одлука на Уставниот суд за укинување на алатката „балансер“ за етничка застапеност при вработување во јавната администрација. Портпаролот на ДУИ, пратеникот Арбр Адеми пред Уставниот суд ја изрази загиженоста на неговата партија дека со оваа одлука за укинување на „балансерот“, всушност се укинува правото за декларирање на етничката припадност.

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа одлука претставува директен напад врз основните права на заедниците во Македонија и ќе има сериозни последици за праведното и еднаквото функционирање на нашите институции. Декларирањето на етничката припадност е неотуѓиво право и неопходен елемент за обебедување праведна застапеност на сите заедници. Со оваа одлука на Уставниот суд се прави елиминација на можноста за декларирање на етничката припадност. Оваа одлука е тежок удар врз Уставот, врз Охридскиот мировен договор и врз мултиетничката стабилност на нашата држава. Денес, повеќе од кога било се соочуваме со сериозна криза на соживотот и на правото на еднакви можности. Ова е чекор назад за нашата земја, чекор што ја загрзоува иднината на мултиетничката стабилност и хармонијата што ја имаме изградено. Ги повикуваме сите надлежни институции и меѓународната заедница веднаш да реагираат за да ги заштитат правата агарантирани со Устав и закон и да обезбедат дека еднаквата застапеност ќе биде непроменета. Оваа одлука не е само правен акт, тоа е чекор што оначува црн ден за историјата на оваа земја. Демократската унија за интеграција силно ќе стои во одбрана на правата на заедниците и нема да дозволи нивните права да бидат прекршени и загрозени“, кажа Арбер Адеми во своето обраќање пред Уставниот суд.

На новинарско прашање дали неговата партија ДУИ можеби ќе организира протести за укинувањето на „балансерот“, со што би се предизвикале тензии во општетството, Адеми констатираше дека ним не им требаат тензии, туку други со вакви одлуки сакаат да провоцираат тензии.

„Оваа моноетничка влада, без етнички легитимитет настојува да предизвикува тензии. Инсистира да предизвикува тензии. А ние не го сакаме тоа. Ние сакаме уставните начела и правниот поредок на оваа држава доследно да се почитуваат. Оваа одлука на Уставниот суд е противуставна, против Охридскиот рамковен договор и против начелото за правична застапеност, која е дел од нашиот правен поредок. Оваа одлука е навистина смешна и е во реализација на одредена политичка агенда, која сака да креира тензии. А такви тензии не ни требаат. Ние, за време на предизборната кампања, секој ден, сите политички партии дискутиравме за европската перспектива на нашата заедничка татковина. За што зборуваме денеска? За отцепување на Албанија од Република Северна Македонија! Шансите да имаме посветла иднина, посветла европска перспектива се сè помали и помали. И во вакви услови, некој можеби смислил некакво сценарио со вакви одлуки, со вакви институиции кои оперираат како параполитички институции, да носат противуставни одлуки, наместо да бидат чувари на Уставот. Оваа тензија не се продуцира од нас, кои сме загрижени за оваа срамна одлука“, одговори Арбр Адеми.

Ј.П.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ