понеделник, 11 ноември 2024

Зависноста од смартфоните треба да се регулира како со цигарите

Меѓу младите и адолесцентите има постојан раст на проблематично и однесување „налик зависност“, заради што употребата на смартфони треба да биде ограничена со истите  мерки што важат и за тутунот, гласи пораката од Светската здравствена организација.

Објавено на

часот

Сподели

Како што законите помогнаа во другите области на јавното здравје, така можат да помогнат и околу проблематичното однесување кое кај адолесцентите е предизвикано од играњето видео игри и дремење на социјалните мрежи, е очекувањето на Наташа Азопарди Мускат од СЗО.

Мерките што таа ги предлага да се препишат од тутунската индустрија се ограничување на возраста, контролирани цени и забранети зони за користење. Ова би одело во пакет со едукација на децата и тинејџерите за тоа како правилно се користат дигитални уреди и снаоѓање во дигиталниот свет.

Неодамнешна студија на СЗО покажа дека 10% од децата на возраст од 11 до 15 години во Европа, Централна Азија и Канада, имаат проблем да го контролираат своето користење на социјалните мрежи и имаат негативни последици. Ова било покарактеристично за девојчињата отколку за момчињата. Кај гејмингот повеќе проблеми имало кај момчињата.

Поврзаноста меѓу социјалните мрежи и менталното здравје, посебно кај младите, периодов привлекува доста внимание, а на почетокот од летово Урсула фон дер Лејен вети „прва во историјата истрага на ниво на цела Европа за влијанието на социјалните медиуми врз добробитта на младите.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ