четврток, 18 јули 2024
Косовскиот премиер

Курти упати честитка за изборот на Мицкоски за претседател на македонската Влада

Косовскиот премиер, Албин Курти упати честитка за изборот на  Христијан Мицкоски за претседател на македонската Влада, јави дописникот на МИА од Приштина.

Објавено на

часот

Сподели

Според соопштението на владината прес-служба, Курти во честитката нагласил дека Косово и Северна Македонија не се само соседи, туку и „сојузници и блиски партнери во НАТО-ориентацијата, регионалната соработка и интеграцијата во Европската унија“.

„Од патот Призрен-Тетова, до одбраната и безбедноста, со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи“, порача Курти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ