вторник, 22 октомври 2024

Курти: Пред изборите на север, насилниците да се вратат во Србија или да бидат уапсени

Објавено на

часот

Сподели

„Пред вонредните избори мора да имаме владеење на правото во државата. Насилните екстремисти мора да одговараат пред законот и тогаш ќе има услови и фер кампања за демократски избори“, изјави Курти за американската телевизија Ен-би-си њуз, а пренесуваат приштинските медиуми.

Курти најави дека за ова следната недела ќе разговара со американскиот претставник Габриел Ескобар и специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак.

„Следната недела Лајчак и Ескобар ќе дојдат на Косово и ќе разговараме за деталите. Верувам во предвремени избори, но прво ни треба владеење на правото и фер кампања пред изборите“, рече Курти.

Тој додаде дека „претставниците на меѓународната заедница се загрижени“, бидејќи, според него, српскиот претседател Александар Вучиќ може да го дестабилизира регионот.

„Она што го направивме беше наша должност. Владеење на правото, почитување на човековите права и почитување на лидерите. Но, одеднаш се појави голема загриженост во западниот демократски свет бидејќи претседателот на Србија може да го дестабилизира не само Косово, туку и регионот“, рече косовскиот премиер.

Тој ги отфрли обвинувањата на Белград за полициско насилство врз учесниците на протестите на северот на Косово.

„Нема докази дека косовската полиција е одговорна за насилството. Косовската полиција е најпрофесионална на Балканот, обучувана од САД, Велика Британија и ЕУ. Од друга страна, имаме бандити кои се тука за да го дестабилизираат Косово“, рече Курти.

Тој додаде дека „Русија не го сака успехот на Косово“, бидејќи, според неговите зборови, тоа е успех на интервенцијата на НАТО во 1999 година и на демократскиот развој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ