Работнички имаше одличен старт на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), па денешниот пораз од Шкендија Арачиново е големо изненадување.
Вардар со 2-0 победи на гостувањето кај Новаци со голови на Омерагиќ и Донгмо, Пелистер минимално со 1-0 славеше на гостувањето кај Скопје.
Најубедливата победа ја забележа Шкупи кој триумфираше со 8-0 кај Џепчиште, Брегалница со 6-0 славеше во Горно Лисиче против четвртолигашот ФК Слободен.
Место во осминафиналето обезбедија и Шкендија, Детонит, Силекс, Арсими, Беса, Брера и Струга.
Резултати од 1/16 финалето:
Новаци – Вардар 0-2
Скопје – Пелистер 0-1
Шкендија Арачиново – Работнички 2-0
Џепчиште – Шкупи 0-8
Јени Маале – Шкендија 0-5
Борец – Детонит 0-1
Карбинци – Силекс 1-4
Кожуф – Арсими 1-2
Охрид – Беса 1-5
Слободен – Брегалница 0-6
Вардар Неготино – Брера 0-4
Слога Виница – Струга 1-6
Натпреварите Победа – Гостивар, Башкими – Воска Спорт и Беласица – Македонија Ѓ.П се закажани 2 откомври, додека Тиквеш е слободен.