вторник, 22 октомври 2024

Кумановец не успеал да прошверцува мигранти, полицијата го фатила кај Сопот

Полицијата вчера привела 45-годишен кумановец откако при претрес на возилото кое го управувал на патот од село Сопот кон село Сушево пронашла двајца миграти од Турција.

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода М.Ј. од Куманово. Околу 10:30 часот на локален пат од село Сопот кон село Сушево бил извршен преглед на возилото шевролет авео со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал М.Ј., при што биле пронајдени две лица мигранти од Република Турција“, наведува МВР во соопштението.

М.Ј бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ