петок, 25 октомври 2024

Кумановец ќе одговара затоа што сликал додека се потпишувал за кандидат за претседател

Кумановец фотографирал додека се потпишувал за претседателски кандидат во подрачното одделение на Државната изборна комисија (ДИК), соопшти денеска СВР Куманово. Настанот го пријавиле вработените.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 20:50 часот во СВР Куманово, двајца вработени во Државната изборна комисија пријавиле дека околу 13 часот во просториите на подрачното одделение Куманово на Државна изборна комисија едно лице, кое се потпишало на обрасците за собирање на потписи за предлагање на кандидат за претседател, со мобилен телефон сликало додека се потпишувало“, соопшти полицијата.

За настанот бил известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ