понеделник, 21 октомври 2024
На балканскиот меѓународен фолклорен фестивал „Opoja vallezon“

КУД „Гоце Маркоски“ доби награда за најавтентична носија и најдобра сценска изведба во Косово

Објавено на

часот

Сподели

 КУД „Гоце Маркоски“ достојно и гордо ја претстави нашата држава на овој реномиран натпреварувачки фолклорен фестивал во конкуренција со фолклорни ансамбли од Турција, Црна Гора, Косово, Србија, Бугарија, Полска и Украина.

На овој фестивал нашиот ансамбл се претстави со 4 различни оригинални автентични носии од Долни Полог, Овче Поле, Мијачките носии од пределот АЗОТ како и носијата од славишко Поле. Во овие носии беа изведени кореографските постановки: „Женско чамче“, „Посеље“, „Роненка“ и  „На Мегдан“. 

награди
            

За овој настан како и за сите претходни изминатиов период, играорците на КУД „Гоце Маркоски“ напорно, секојдневно се подготвуваа и покрај високите температури во овој период на годината и во вечерните часеви.

igraorci

На овие две награди и претходеше уште една награда на 20ти Јули на фестивалот „Рудина Фест“ во Чегране, Гостивар каде што нашите играорци со изведбата на кореографската постановка „Роненка“ од Овче Поле ја добија специјалната награда за најдобра сценска изведба и најдобра кореографија.

Bobi

По овие два големи фестивали, КУД „Гоце Маркоски“ на 29 јули заминува на голема Европска турнеа во Италија, Шпанија, Франција и Швајцарија каде што ќе се одржи голем светски фолклорен фестивал со групи од целиот свет како што се САД, Аргентина, Колумбија, Маурициус, Зимбабве, Арменија,Индонезија, Франција, Словачка, Хрватска, Молдавија,Уганда,Уругвај и нашата земја Македонија.

                                                                                                                                                           К. Додевска 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ