петок, 25 октомври 2024

Куба го исклучува јавното осветлување

Куба исклучи речиси три четвртини од јавното осветлување за време на најголемата потрошувачка за да се справи со зголемениот недостиг на електрична енергија, објавија државните медиуми, додека надежите дека ќе се олесни продлабочената економска криза слабеат, пишува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Прекините на струја, кои го нарушуваат секојдневниот живот и економијата, ја мачат земјата во која владее комунизмот веќе неколку години, но ситуацијата е влошена во последните месеци поради недостигот на гориво и потребата од одржување на дотраената инфраструктура.

Министерот за енергетика и рударство, Висенте де ла О Леви, на состанокот на советот на министри рече дека мерката за исклучување на јавното осветлување е една од многуте кои вклучуваат затворање на илјадници државни служби и пренасочување на производството за да се намалат рестрикциите за електрична енергија што ја потресуваат земјата, јавуваат државните медиуми.

Земјата, зависна од увоз, потона во се подлабока економска криза во која бруто домашниот производ падна за 10 отсто од 2019 година.

Куба ги обвинува своите економски неволји на пандемијата „ковид-19“ и заострените американски санкции за време на мандатот на Доналд Трамп, а ситуацијата е влошена со слабите напори за преструктуирање на централизираната економија во која доминира државата.

Недостигот на девизи за увоз на храна, лекови, гориво и други основни производи се чини дека се влоши до оваа година, покажуваат официјалните податоци.

Де ла О Леви минатиот месец изјави дека Куба добила само 46 отсто од планираниот увоз на гориво, што предизвикало долготрајни прекини на електричната енергија низ целата земја, со исклучок на главниот град Хавана.

Телефонска анкета во пет од 14-те покраини покажа дека жителите секојдневно страдаат од шест до 12 часа прекини во електричната енергија.

Јуркина Грасијал, 40-годишна државна службеничка во најисточната покраина Гвантанамо, телефонски изјавила дека „нема струја двапати дневно по четири часа и дека е неподносливо поради жештините“.

На другиот крај на карипскиот остров, во провинцијата Пинар дел Рио, сопственикот на ресторанот Хаиме Карило изјави дека тие се без струја и до осум часа на ден.

„Поради прекинот на струјата трпи нашата секојдневна работа“, рече тој. „На пример, течностите и месото се одмрзнуваат во замрзнувачите“, објасни тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ