вторник, 22 октомври 2024

Кривични пријави за шестмина лихвари од Куманово и Штип

СВР Куманово поднесе кривични пријави против Д.П. (34) од Куманово, М.К. (24) од Куманово, Д.Н. (34) од Штип, Д.Т. (27) од Куманово, С.М. (51) од Куманово и С.Ѓ. од Куманово, поради постоење сомневање дека како група се занимавале со лихварство и  изнуда.

Објавено на

часот

Сподели

Првопријавениот, откако создал и организирал група со намера за себе и за другите да прибави противправна имотна корист, искористувајќи им ја тешката имотна состојба на оштетени лица, со сериозни закани и присила присвојувал за себе и за групата значителна имотна корист. Во периодот од 2018 до 2023 година, првопријавениот незаконски давал позајмици на оштетени лица, преку префрлање на одредена сума на парични средства на оштетените или останатите пријавени ги префрлале паричните средства по насоки на првопријавениот, а потоа со присилба и изнуда барале од оштетените веднаш да ги подигнат паричните средства и половина од вредноста да ги дадат на пријавените, за потоа со несразмерна камата да ја враќаат позајмицата.

Откако оштетените не можеле да го вратат долгот, пријавените со присилба и закани барале да склучат купопродажни договори на нотар со оштетените за разни движни и недвижни ствари, како гаранции за заемите. Дури и во случаи кога  оштетените лица го вратиле долгот, првопријавениот и останатите продолжувале со заканите, барајќи оштетените да го враќаат долгот со несразмерна камата и присилно, преку склучени договори на нотар, им биле префрлани движни и недвижни ствари како подарок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ