Како што денеска соопштија од МВР, пријавените во текот на јануари 2023 година извршиле злоупотреба на платежни картички издадени од банка во Македонија на начин што користеле активни странски компании (со физички или виртуелен терминал) преку кој се иницирале неовластени авторизации за враќање на средства, кои трансакции кај банката не се испраќале како трансакција за книжење, па според тоа немало влијание на реални трансакции на продажното место, но на друга страна нереално се зголемувала состојбата на сметката на платежната картичка што се користи за трансакцијата за износот на направената рефундација.
„На тој начин пријавените како корисници на платежни картички ги користеле овие средства за сопствени потреби и неовластено се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 10.719.807 денари, а за истиот износ ја оштетиле и банката издавач на платежните картички“, информираатод МВР.