„Кривичната пријава против фирмата и управителот е поднесена поради основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело царинска измама, на начин што пријавениот се обидел да увезе стока што се разликува од стоката во царинската декларација која била оцаринета и со тоа нанел штета на Буџетот. Кривичната пријава против царинскиот службеник е поднесена поради сомнение дека пријавениот сторил кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, на начин што со неизвршување на својата службена должност, не постапил согласно важечките закони и прописите на Царинската управа и овозможил наплата на царински и други давачки во помал износ отколку што реално требало да се наплати и со тоа нанел штета на Буџетот. Исто така, царинскиот службеник е суспендиран од работното место“, информираа од Царина.
Пред 10 дена на патниот правец Петровец – Скопје скопската полиција трагајќи по шверцери на дрога откри пратка тешка 1,2 тони во која имало 5.000 мобилни телефони чија вкупната вредност би можела да достигне до 5 милиони евра.
По ова следуваше молк од Царинската управа која подоцна призна дека во пресретнатата пратката имало ѝ мобилни телефони.