вторник, 22 октомври 2024

Кривична пријава за педофил кој ширел детска порнографија

И.Ј. (28) од струшкото село Велешта е осомничен за производство и дистрибуција на порнографски материјал, соопшти денеска СВР Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата поднела кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

„Тој, користејќи апликации за комуникација, на повеќе социјални мрежи се зачленувал во групи, во кои ширел содржина со детска порнографија. Потоа ги споделувал во други групни и лични профили со кои разменувале линкови од групи со таква и слична содржина“, изјави портпаролот Стефан Димоски.

Полициски службеници, како што појасни, направиле претрес во неговиот дом во Велешта, при што биле пронајдени експлицитни фотографии кои биле одземени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ