вторник, 22 октомври 2024

Кривичен суд повторно ќе одлучува за условен отпуст на Јордан Мијалков

Апелациониот суд Скопје ја прифати жалбата на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и го врати предметот пред Кривичен суд, за таму повторно да се одлучи за барањето за условен отпуст на Мијалков.

Објавено на

часот

Сподели

„Апелациониот суд Скопје постапувајќи по жалба на осудениот С.М., од С., а изјавена преку Казнено-поправниот дом од отворен вид – Струга, донесе решение со кое жалбата се уважува, а предметот се укинува и се враќа на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд“, соопштија денеска од Апелационен суд Скопје.

Уважувањето на жалбата на осудениот Сашо Мијалков доаѓа откако претходно предлогот на директорот на Казнено-поправниот дом Струга за условен отпуст на осудениот беше одбиен како неоснован.

„Согласно донесеното решение на Апелациониот суд – Скопје како недозволена ја отфрли жалбата на директорот на Казнено-поправниот дом од отворен вид – Струга“, дополнуваат од Апелација.

Мијалков издржува казна во затворот во Струга, откако по признанието на вина беше осуден на три години затвор во предметот Империја, отворен од поранешното СЈО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ