петок, 25 октомври 2024

Кремљ: Русија не ги признава налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд

Москва не ја признава одлуката на Меѓународниот кривичен суд кој издаде налози за апсење на високи руски офицери, соопшти Кремљ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ние не сме потписници на статутот, не го признаваме. Ова не е прва одлука, исто така знаеме дека постојат разни затворени процеси кои се чуваат во тајност. Согласно на тоа и ги третираме таквите одлуки“, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на двајцата високи руски команданти Сергеј Иванович Кобилаш и Виктор Николаевич Соколов, поради обвиненија дека наводно извршиле воени злосторства во Украина од 10 октомври 2022 до 9 март 2023 година.

„Сергеј Кобилаш, генерал-потполковник на Оружените сили на Русија, кој во релевантното време бил командант на авијацијата на Воздухопловно-вселенските сили, и Виктор Соколов, адмирал во руската морнарица, кој бил командант на Црноморската флота, се одговорни за воени злосторства насочување напади на цивилни објекти и воени злосторства нанесување прекумерна штета на цивили или на цивилни објекти“, се наведува во соопштението на судот.

Се додава дека тие двајца се обвинети и за злосторства против човештвото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ