сабота, 23 ноември 2024

Кремљ: Покажавме што можеме, Западот мора да го сфати ова предупредување

Кремљ порача дека нападот со хиперсонична балистичка ракета на Украина треба да се сфати како предупредување до Западот, пренесуваат агенциите. „Руската страна јасно ги покажа своите капацитети“, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков еден ден откако Русија го гаѓаше украинскиот град Дњепар со нов вид ракета со среден дострел „орешник“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Песков оцени дека нападот е последица на „непромислените одлуки“ на западните земји, алудирајќи на дозволата на Вашингтон и некои негови сојузници на Киев да гаѓа мети длабоко во руска територија со нивно вооружување. „Контурите на понатамошниот одговор, во случај нашата загриженост да не се земе предвид, се исто така јасно исцртани“, кажа Песков.

Тој потврди дека на Вашингтон му била најавена употребата на ракетата непосредно пред нападот.

Изјавата на Песков доаѓа еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин во вонредно обраќање кажа дека Дњепар е погоден со шест конвенционални боеви глави. Рускиот лидер се закани со повторна употреба на оружјето за кое тврди дека е несопирливо.

„Оваа ескалација, испровоцирана од Западот, доведе до тоа регионалниот конфликт во Украина да добие глобални димензии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ