среда, 30 октомври 2024

Кремљ: Изјавата на Столтенберг за нуклеарно оружје е уште една ескалација на тензиите

Кремљ денеска соопшти дека изјавата на шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, според која воената алијанса води разговори за распоредување на поголемо количество нуклеарно оружје, значи „ескалација на тензиите“.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Столтенберг изјави за британскиот весник Телеграф дека НАТО разговара за распоредување на поголемо количество на нуклеарно оружје, за негово извлекување од складиштата и ставање на подготвеност со оглед на зголемената закана од Русија и Кина.

Тој рече дека членките на НАТО разговараат за користење на транспарентност во однос на нивниот нуклеарен арсенал како одвраќање.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека коментарите на Столтенберг се чини дека се во спротивност со изјавата објавена на конференцијата викендов во Швајцарија во која се вели дека секоја закана или употреба на нуклеарно оружје, кога Украина е на средина, е недозволива.

„Ова е уште една ескалација на тензиите“, изјави Песков, коментирајќи ги изјавите на генералниот секретар на НАТО.

НАТО подоцна се обиде да ги разјасни забелешките на Столтенберг, додавајќи дека нема значителни промени во неговиот став за нуклеарното оружје.

„НАТО е посветена да гарантира безбедно и ефективно нуклеарно одвраќање“, објасни портпаролката на НАТО, Фарах Даклала.

„За таа цел, во тек е програма за модернизација која ќе овозможи замена на старото оружје и авиони. Освен тоа, нема значајни промени во нашата програма за нуклеарно одвраќање“, додаде таа.

Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година. Денес, таа тврди дека Соединетите Американски Држави и нивните европски сојузници го туркаат светот на работ на нуклеарен конфликт затоа што ја снабдуваат Украина со оружје во вредност од милијарди долари, од кои дел се користат во борбите на руска територија.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е технички подготвена за нуклеарна војна и дека Москва може да користи нуклеарно оружје за да се одбрани во екстремни околности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ