Кoжувчанка донираше Изворска вода за Армискиот полигон Криволак!
Капацитетите на самиот полигон се погодни за спроведување на различни видови обуки и стрелби, како што е стрелање со повеќе видови оружје, стрелање од авиони, тактички вежби на ниво на баталјон, обука на инженерски единици, обука на специјални единици, работа на контролна точка, обука за конвои, обука за надминување на водни препреки и други видови обука.
„Mисијата на полигонот како центар за обука е да се обезбеди поддршка за спроведување на вежбите на припадниците на нашата армија, а мисијата на компанијата Кожувчанка е секогаш да ја обезбеди потребната помош и поддршка”, изјавија од Кожувчанка ДОО и додадоа дека треба да се врати статусот на Криволак како центар за армиска обука со полн капацитет, кој ќе им понуди на илјадници војници место за вежби.