петок, 18 октомври 2024

Ковидот уште не е заминат, 3 лица починаа, 155 лабораториски потврдени случаи на болеста за седум дена

Објавено на

часот

Сподели

Од 155-те позитивни случаи, регистрирани се 51 реинфекција. Од почетокот на пандемијата во Македонија до 2 април годинава официјално се регистрирани 347.826 случаи на ковид-19, а 9.728 лица ја загубиле битката со оваа болест.

Инаку, претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски вечерва во интервју за ТВ Сител, рече дека е намален процентот на позитивни случаи на тестираните и дека е тоа добра вест дека интгензитетот на ширењето на  болеста и на нејзината сила се намалува.

На новинарската забелешка дека мал број луѓе се тестира во лабораториите, Петличковски одговори потврдно, но и нагласи дека и тоа говори во прилог на неговото тврдење.

„Се тестираат тие што имаат посериозни симптоми, па сепак и од нив, само 1 човек од 10 тестирани е позитивен на вирусот“, рече докторот.

Што се однесува до грипот, и тој вирус е уште присутен, но од недела до недела се забележува намалување на бројот на болни. Бројките на заболени од грип се далеку поголеми во споредба со минатата сезона карактеристична за оваа болест и тоа во некои периоди за над 30 пати. 

                                                                                                                                     П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ