понеделник, 22 јули 2024

Ковачевски: Недозволиво е директор на јавно претпријатие или секретарка во регулаторна агенција да имаат поголема плата од претседателот

Објавено на

часот

Сподели

„Од Одлуката на Уставен суд со која се зголемија платите на функционерите поминаа четири и пол месеци и законот е во фаза на изработка. Владата пристапи кон изработка на закон за плати кој ќе треба да ја регулира највисоката плата во државата и согласно со соодветни критериуми да ги регулира и другите плати. Се работи за исклучително комплексен закон за кој треба да бидат консултирани и оние кои не се дел од извршната власт“, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање.  

Порача дека во април годинава функционерите сами не си ги покачија платите, туку беа усогласени со одлуката на Уставниот суд.

„Платите на 44 членови на Влада, градоначалници, пратеници, судии, обвинители,… претходно беа замрзнати противуставно и противзаконски од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ за што тогашниот Уставен суд никогаш не расправаше. Сегашниот расправаше и рече дека е противзаконско замрзнување на платите, бидејќи се дојде во ситуација министер за финансии и претседател на држава да има пониска плата од секретарка во АЕК или директор на јавно претпријатие“, посочи Ковачевски.

Нагласи дека тоа го согледал уште пред одлуката на Уставниот суд и иницирал донесување на закон за плати, а мотив му бил фактот што забележал дека директорско место во јавно претпријатие или секретарско во регулаторна агенција има поголема плата од претседател на држава што според него е недозволиво.

д

Инаку, при посетата на компанијата Дата мастерс премиерот истакна дека станува збор за домашна компанија која што се занимава со консалтинг и имплементација на решенија во областа на вештачката интелигенција и напредна аналитика.

„Дата Мастерс е пример како може со силна желба и цврста верба во сопствените потенцијали тука, дома, и со наша поддршка, да се развие успешен модел кој функционира и е конкурентен и на светските пазари. Оваа компанија, составена пред сѐ од млади луѓе, за само пет години успеа да го развие и прошири својот бизнис и надвор од границите на нашата држава. Основана со стопроцентен македонски капитал и фокусирана на консалтинг и едуцирање во областа на data science или наука за податоци, компанијата денес брои над 60 домашни и интернационални проекти, тим од над 50 експерти и партнерства со бројни компании во земјава“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека со поддршка преку владините мерки за нови инвестиции, нови вработувања и конкурентност, Дата мастерс денес освојува нови пазари и нови области во светот, истакнувајќи го значењето на работата со податоци како круцијално како за личен развој, така и за развој на компаниите во државава и ширум светот.

Како што беше посочено, денес компанијата, освен канцеларијата во Скопје, има и канцеларија во Лисабон, Португалија, што дополнително ги зголемува нејзините можности за раст и ја прави уште поконкурентна.

                                                             Фото: Од посетата на компанијата Дата мастер

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ