сабота, 9 ноември 2024

Ковачевски: Го прашав Макрон дали знае какви луѓе се примаат во нивната амбасада во Скопје

Што правел бившиот претседател на Либерално-демократска партија на состаноци со Љупчо Палевски? Што правел генералниот секретар на Демократски сојуз на состаноци со Љупчо Палевски, минатата година? Што правеле на состаноци, за што разговарале… Јас го имам прашано претседателот на Франција, Макрон – дали знае во неговата амбасада во Скопје, какви луѓе се примаат на разговори, рече премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за „360 степени“.

Објавено на

часот

Сподели

„Видете, јас не знам чија креација е Палевски, меѓутоа едно ќе ви кажам. Кој ми правеше на мене гилотина минатата година во јули пред Собрание? Кој ми правеше јавно судење минатата година тука пред Влада? Кој организираше фрлање молотови коктели врз Министерството за надворешни работи? Кој ја организираше толпата којашто сакаше да влезе во зградата на Владата при усвојувањето на европскиот предлог? Кои луѓе беа таму, се сеќавате? Се сеќавате дека таму беше и тој Палевски што го спомнувате и претседателот на Левица и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, и претставници на медиуми, и еден член на Државна комисија за спречување на дискриминација, се сеќавате дека јас неколкупати укажував дека има странски агентури коишто го финансираат тоа, а за тоа ќе треба да направите интервју со други лица, не со мене. На пример, со претставници на безбедносни органи. И ако е нечиј тој Палевски, тогаш е на тие коишто цела година тоа го организираа“.

На прашање зошто Палевски не е санкциониран иако, во серијата кривични и прекршочни дела, во мај годинава е фатен како носи пиштол за којшто немал дозвола, Ковачевски вели дека тоа се прашања за истражните и правосудните органи. Посочи и дека „истата таа група“ правела монтирани видеа на „Тик-ток“ и од неговата малолетна ќерка, а праша и што правеле на состаноци со Палевски минатата година поранешен претседател на ЛДП и генералниот секретар на Демократски сојуз.

„Знаете што ѝ правеа на мојата малолетна ќерка на Тик-ток со монтирање на видеа? Тоа се истите тие луѓе, истата таа група. И затоа кога ги прашуваат кога се гледале – не одговараат. Еве, јас ќе ви додадам. Што правел поранешниот претседател на Либерално-демократска партија на состаноци со Љупчо Палевски? Што правел генералниот секретар на Демократски сојуз на состаноци со Љупчо Палевски, минатата година, што правеле?

Која Либерално-демократска партија?

„Либерално-демократска партија на Македонија. Бившиот претседател, што правел на состаноци со Љупчо Палевски? Еве јас ве прашувам, испитајте.

Чекајте, Жерновски е поранешниот претседател.

„Не е Жерновски бившиот, тоа е бивши пред бившиот. Еве, јас ви поставувам прашање, што правеле?“

Амбасадорот во Словенија?!

„Што правеле на состаноци, што разговарале? Јас го имам прашано претседателот на Франција, Макрон – дали знае во неговата амбасада во Скопје, какви луѓе се примаат на разговори.

На кого алудирате, кого примаат таму на гости?

„Мора еднаш истражните и правосудните органи во оваа држава да ги идентификуваат сите коишто работат против интересите на државата и на институциите на државата, коишто се под влијание на странски агентури, кои шират хистерија и коишто прават сè, оваа држава да не може да продолжи во нормален евроинтеграциски процес“.

Премиерот одбегна да одговори на дополнителните потпрашања дали кога зборува за екс-лидер на ЛДП мисли на актуелниот амбасадор на земјава во Словенија, Горан Милевски, и за тоа кои луѓе оделе на гости во француската амбасада во Скопје. Генерален секретар на Демократски сојуз, пак, и минатата година и сега е Зоран Димитровски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ