недела, 20 октомври 2024

Котевски: Кој дозволи скандалозна хациенда до Стрежевското езеро?

Објавено на

часот

Сподели

„Дали е точно дека во тие периоди кога поминувале камионите со градежниот материјал за изградба на хациендата од 1.500м2 по ваша усна наредба се исклучувале камерите за видео надзор? Дали сте свесни директоре Граматковски дека ги прекршувате член 58 од Законот за заштита на природата кој вели – „забранета е изградбата на објекти или стопанисување со природните богатства крај природните извори, покрај брегот на природните водотеци, крајбрежјето на природните или вештачките езера, како и плавените рамнини на водотеците“?

Дали сте свесни дека заради прекршувањето на истата оваа одредба ЈП „Стрежево“ може да плати глоба во висина од 180.000 до 200.000 евра?

Во што сте вплеткани, директоре Граматковски, какви матни зделки, поткупи или можеби уцени, само за да ја задржите директорската фотелја, во најмала рака чесно и воспитно е да им одговорите на граѓаните.

Еве ние фактите јавно ги соопштуваме, а надлежните институции нека постапат по допрен глас, се разбира ако се одважат“, изјави Котевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ