вторник, 22 октомври 2024
Реакција на градоначалникот

Костовски: За Арсовска Бутел или не постои или таа не е способна за функцијата

Состојбата во Општина Бутел е алармантна, повеќе од десет дена екипите ЈП Комунална хигиена-Скопје кои се под директна команда на Данела Арсовска, се немаат појавено на поголемиот дел од територијата на Општина Бутел, реагира преку сооопштение градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски и споделува повеќе фотографии од купишта несобрано ѓубре.

Објавено на

часот

Сподели

„Сликите се заштрашувачки, ваква неспособност на градските служби не е забележана никогаш во историјата.
Додека не е доцна, апелирам слижбите на КХС-Скопје веднаш да излезат и да си ја завршат работата за која се платени од граѓаните.
Доколку Данела не е способна да се справи со овие основни задачи на градот Скопје, веднаш нека ги префрли ингеренциите на општините за да не трпат граѓаните“, вели градоначалникот на Бутел во својата реакција.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ