вторник, 22 октомври 2024
Пресечен канал од Приштина за трговија со екстази

Косовскиот политичар Мујечи, многу близок со Курти, уапсен во Тирана како член од нарко-банда (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Според кажаното на прес-конференција во Тирана, групата од пет лица била следена од полицијата неколку месеци за кое време тие во неколку наврати продале дрога во Албанија. Покрај Мујачи (40), уапсени се и Митхат Рамадани (30), жител на Приштина, како и Калем Пицари (24), Амбра Мифтари (28) и Даниел Авдија (26) сите тројца жители на Тирана. Запленети се 11.300 таблети МДМА во вкупна тежина од 5,093 килограми. Уапсените дрогата ја дистрибуирале до поранешниот Блок Тирана.

Дрогата во Тирана пристигнала со автобус од Приштина, а се дистрибуирала со изнајмени автомобили. Стратегијата била главно да биде распродадена во морските туристички центри.
Големата операција на албанската полиција, како што изјави началникот на тиранската полиција Тонин Вочај, насоките за пресекување на главниот криминален канал ги добила по апсењето на три лица во јануари годинава кои тргувале со синтетички дроги.

н

„По неколкумесечна истрага со посебни истражни методи, од страна на специјалните сили на Секторот за истраги за наркотици при локалната полициска управа во Тирана, под раководство на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност во Тирана, обезбедени се правни докази за да се документира криминалната активност на оваа група која се состоела од 5 лица“, кажа Вочај.

Партијата Самоопределување денеска по итна постапка преку својата дисциплинска комисија го исклучи од членство Мујачи. За него нема повеќе место во нашите редови, криминалот нема оправдување, изјави министерката за правда на Косово, Албулена Хаџиу.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ