петок, 25 октомври 2024

Косовец возел со порше 207 км на час кај Тетово, имал швајцарска возачка дозвола

Ноќен полициски радар синоќа регистрира возило кое по автоатот кај клучката за Тетово се движело со 207 километри на час. Тоа задоволство возачот на спортското порше од Косово со швајцарски документи, го чини 400 евра.

Објавено на

часот

Сподели

Радарот возачот го открил за време на акциската полициска контрола спроведена на автопатот Тетово-Скопје во периодот од 20 до 22 часот.

„Едно од пречекорувањата регистрирано на автопатот Скопје – Тетово, кај клучката Север на влезот во Тетово, било најголемо, а измерената брзина изнесувала 207 километри на час. На возачот С.Е. на патничкото моторно возило марка порше од Република Косово, кој поседувал швајцарска возачка дозвола, изготвен му е поднесок и ќе се соочи со парична глоба од 400 евра“, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ