вторник, 22 октомври 2024

Кориере дела сера: Вучиќ навести задушување на протестите против литиумот

Претседателот на Србија Александар Вучиќ навести „повторно воведување ред“ и можно задушување на протестите против најавеното рударење литиум, тврдејќи дека тоа е „терор на малцинството над мнозинството“ и „хибридна војна која Западот ја води против владата“ во Белград, пишува италијанскиот весник Кориере дела сера.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Миланскиот весник наведува дека „причина за протестите какви што Србија со години не видела“ е убедувањето на заштитниците на животната средина и граѓаните дека рударењето литиум, договорено со Германија и Европската Унија, целосно би затруло дел од Србија и дека затоа на демонстрациите се слуша дека тоа е „предавство“, со пораката: „Нашето здравје е поважно од вашите пари“.

Кориере дела сера укажува дека е проценето дека литиумот од Србија би бил клучен за производството на електрични автомобили во Европа и сузбивањето на кинеската конкуренција, како и дека Германија и ЕУ ветиле дека литиумот во регионот Јадар ќе биде ваден со највисока можна заштита на природата.

Сепак, во извештајот се забележува дека концесијата за копање на литиумот ѝ дадена на „англо-австралиската мултинационална компанија Рио Тинто која малку се грижи за проблемите со заштитата на природната средина“.

Италијанскиот весник напоменува дека рударењето литиум е „табу за борците за здрава природна средина низ Европа“, кои предупредуваат дека „со изговор за зелениот автомобил би било затруено цело едно подрачје во срцето на Балканот“.

„Осоколен од неодамнешната изборна победа и сигурен дека ќе победи, Вучиќ најавува и референдум за да ги разбие демонстрациите“, додава Кориере дела сера.

Весникот укажува дека најпрво укинатото, а сега повторно дадено одобрение на српската влада на Рио Тинто за копање на литиумот „создало за играчот на жица Вучиќ нов простор на меѓународната сцена“.

„Иако е во најдобри односи со Москва и Пекинг, и иако во џебот имаше многу мрсна кинеска понуда, Белград се определи за шест милијарди евра вредниот договор со Германија и Европејците“, заклучува италијанскиот весник, со оценка дека тоа на српската власт може да ѝ помогне во приближувањето кон Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ