вторник, 22 октомври 2024

Конечно почна да се гради пречистителна станица за Дојранското Езеро

По надминување на сите имотно-правни и административни проблеми, конечно почна изградбата на нова Пречистителна станица за третман на отпадните води, децениски проблем кој го мачеше Дојран и со овој еколошко-капитален проект го решаваме најголемиот проблем за заштита на Дојранското Езеро, објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.

Објавено на

часот

Сподели

Градоначалникот соопшти дека средствата во износ од 188 милиони денари за изградба на пречистителната станица и санација на колекторскиот систем се обезбедени со одлука на Владата од 2020, 2021 и 2023 година заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање, како и дополнителни 78 милиони од Амбасадата на Словенија во соработка со невладината организација „Милиеуконтакт”.

Aнгов пред неколку денови соопшти дека водата во езерото, според последните испитувања од страна на Центарот за јавно здравје, Велес, „е во одлична состојба и е безбедна за капење и рекреација“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ