вторник, 16 јули 2024
Има и едно големо дерби во првото коло

Компани против својот Манчестер Сити на стартот од Премиерлигата

Објавено на

часот

Сподели

До почетокот на новата сезона во Премиерлигата има речиси два месеци, но веќе е познат распоредот.

Возбудувањата во Англија почнуваат на 11. август кога Винсент Компани со Барнли ќе го пречека својот Манчестер Сити и менторот Пеп Гвардиола. Белгиецот помина 11 години на „Етихад“ беше капитен под водство на Пеп Гвардиола и освои четири титули во Премиерлигата во дресот на „граѓаните“.

Во првото коло има и едно големо дерби, Маурисио Покетини на клупата на Челси ќе дебитира против Ливерпул на „Стемфорд Бриџ“.

Последниот натпревар од колото се игра во понеделник навечер, Манчестер јунајтед на Олд Трафорд се среќава со Вулверхемптон.

Првото коло во Премиерлигата:

Барнли – Манчестер Сити

Арсенал – Нотингем Форест

Борнмут – Вест Хем

Брајтон – Лутон Таун

Евертон – Фулам

Њукасл  – Астон Вила

Шефилд јунајтед – Кристал Палас

Брентфорд – Тотнем

Челси – Ливерпул

Манчестер јунајтед – Вулверхеммптон

Распоредот за целата сезона 2023/24 можете да го погледнете ТУКА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ