петок, 18 октомври 2024

Комисијата за привилегии: Џонсон да биде суспендиран од парламентот на 90 дена

Објавено на

часот

Сподели

Комисијата изјави дека Џонсон намерно го довел во заблуда Долниот дом и бил соучесник во, како што ја нарече, „кампањата на злоупотреба и обиди за заплашување на комисијата“, објави денеска Би-би-си.

Џонсон намерно го довел во заблуда парламентот за забавите што ги организирал за време на пандемијата, со кои го прекршил карантинот, а со што е нарушен неговиот кредибилитет и што придонесе за неговиот пад, соопшти комисијата на пратеници по едногодишна истрага.

Членовите на персоналот на Џонсон одржаа серија забави во 2020 и 2021 година кога таквите собири беа забранети поради пандемијата.

Долниот дом во полн состав сега ќе расправа за извештајот на комисијата и ќе одлучи дали се согласува со наодите на комисијата и препорачаните санкции.

Комисијата исто така рече дека на Џонсон не треба да му биде одобрена пропусница до зградата на парламентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ