„Имав телефонски разговор со командантот на оружените сили на Соединетите Американски Држави во Европа, генералот Кристофер Каволи. Главната тема на нашиот разговор беше актуелната ситуација на фронтот. Продолжуваат тешките борби со висок интензитет долж целата линија на фронтот“, напиша Сирски на Фејсбук.
Во разговорот станало збор и за „неодложниот и остар“ одговор на меѓународната заедница на вмешаноста на севернокорејски војници во конфликтот на страната на Русија, укажа Сирски.
Претходно генералниот секретар на НАТО Марк Руте кажа дека Јужна Кореја, наводно, ѝ доставила на Алијансата „докази“ за испраќање на војници на Северна Кореја во Русија, вклучувајќи ја и Курската област, не објаснувајќи, притоа, за какви докази станува збор.
Русија и Северна Кореја неодамна потпишаа договор за сеопфатно стратегиско партнерство според кој, доколку една од овие две земји е нападната, другата мора да пружи воена и друга помош на нападнатата страна.
Претседателот на Русија Владимир Путин истакна дека пружањето заемна воена помош е суверено прашање меѓу Москва и Пјонгјанг и дека тие ќе одлучат дали соработката ќе се ограничи на воени вежби и размена на искуства или „нешто ќе се смени“.