сабота, 19 октомври 2024

Колумбија: По повеќе од еден месец од авионската несреќа четири деца се пронајдени живи во џунглата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Децата ги спасила војската во близината на границата меѓу колумбиските провинции Какета и Гуавиајаре, во близина на местото каде што се урнал малиот авион.

„Радост за целата земја. Четири деца што исчезнаа…изгубени…во колумбиската џунгла се појавија живи“, порача Петро преку Твитер.

Малиот авион цесна 206 превезувал седум луѓе на рутата меѓу Араракуара, во покраината Амазонас, и Сан Хосе дел Гавиареа, град во покраината Гуавиаре, но во раните утрински часови на 1 мај пријавил дефект на моторот.

Трите возрасни лица, вклучувајќи го пилотот, загинаа од последиците на падот, а нивните тела се најдени во авионот.

Четири деца стари 13, девет и четири години, како и 11-месечно бебе, го преживеаја падот.

Првите информации од властите за цивилно воздухопловство, кои ги координираа спасувачките напори, сугерираат дека децата побегнале од авионот и тргнале во прашумата за да побараат помош.

Спасувачките екипи со помош на кучиња трагачи претходно пронашле фрлено овошје, кое децата наводно го јаделе, и импровизирани засолништа направени од вегетацијата од џунглата.

Во спасувачките операции учествувале авиони и хеликоптери на колумбиската војска и воздухопловството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ