вторник, 22 октомври 2024

Колорадо забрани „фантомско“ огнено оружје

Објавено на

часот

Сподели

Новиот закон исто така забранува секој, освен лиценцираните производители на огнено оружје, да изработуваат рамки или куќишта за огнено оружје во кои се вградуваат внатрешни делови. Според федералниот закон за оружје што минатата година го потпиша американскиот претседател Џозеф Бајден, производителите веќе се обврзани да ставаат сериски броеви и на тие делови.

Законот во Колорадо е последниот во серијата мерки за контрола на оружјето потпишани од Полис оваа година.

Така, Колорадо се приклучи на групата од 11 други американски држави, вклучувајќи ги Калифорнија, Њујорк и Невада, во кои е регулирано таканареченото „фантомско оружје“ поврзано со масовни оружани напади низ САД.

Според американските власти, употребата на „фантомско“ огнено оружје во злосторствата е зголемена за 1.000 отсто од 2017 година.

На вооружен маж во Сакраменто, Калифорнија, кој ги уби своите три малолетни ќерки, уште едно возрасно лице и себеси во црква минатата година, му беше забрането да поседува огнено оружје, но успеал да набави „фантомски“ пиштол.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ