понеделник, 28 октомври 2024
Претреси во Центар

Кокаин чувал дома 58-годишен скопјанец

Полициски службеници од СВР Скопје, Единица за недозволена трговија вчера го лишија од слобода М.Н.(58) од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„По претходно преземени мерки и активности и добиена судска наредба беше извршен претрес во дом и дополнителни два објекта кај М.Н., на подрачјето на Центар, при што е пронајден кокаин, подготвен за улична продажба и три дигитални ваги“, информираа денеска од МВР.

Лицето е приведено и задржано во полициска станица и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ