сабота, 20 јули 2024

Коен: Израел ќе се бори сѐ додека не го елиминира Хамас

Објавено на

часот

Сподели

„7 октомври беше трагичен ден за Државата Израел. Ние всушност видовме дека истата земја која се бори и ја поддржува борбатаа против Украина го прави истото против Израел. Ќе продолжиме да се бориме додека не ги вратиме сите заложници и додека не го елиминираме Хамас. Светот треба да биде обединет да ја ослободимe Газа од Хамас – Исис со цел да осигураме дека такви злосторства нема да се повторат никаде во светот“, изјави Коен.

Прашан колку блиску се до постигнување мир, Коен посочи дека се одлучни да продолжат во борбата против, како што рече, оваа терористичка организација.

„Сѐ додека тие ги ослободуваат заложниците, ќе продолжиме со прекинот на огнот. Но, по примирјето ќе ја продолжиме војната, подвлекува Коен.

Македонија е домаќини на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ, на кој учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери.

На самитот присуствуваат шефовите на дипломатиите и други претствници на најголем број од земјите-учеснички на ОБСЕ – САД, Канада, Велика Британија, министри од земјите-членки на ЕУ и на НАТО, од Медитеранот, Блискиот Исток и Централна Азија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ