четврток, 6 февруари 2025

Код 369 и Мила Влаисављевиќ со регионален хит „Конкретно“

Македонскиот бенд CODE 369, кој создава под покровителство на Croatia Records, го претставува новиот сингл „Конкретно“ во соработка со пејачката Мила Влаисављевиќ. Песната обединува два силни женски вокали, проткаени со мелодии кои повикуваат на танцување и забава. Во текстот на песната се гледаат денешните односи и недостигот на конкретност.

Објавено на

часот

Сподели

Автори на песната се Мила Влаисављевиќ, одговорна за текстот, Даниел Митревски, член на CODE 369, кој ја компонираше музиката, додека аранжманот е дело на целиот бенд. Музичкото видео содржи динамични танцови снимки и енергична атмосфера, надополнувајќи ја пораката на песната. Ритмичката продукција и богатите инструментали даваат свежина и разиграност, правејќи го „Конкретно“ заразен сингл.

Бендот CODE 369 е создаден како продолжение на музичките активности на членовите на Pumpers, Ирена Димовска, Даниел Митревски и Ила Лулевски. Нивната музика носи уникатна комбинација на алтернативен и комерцијален рок и поп, додека ја одржува свежината, авангардниот дух и уметничката слобода. Нивните стихови често ги одразуваат универзалните човечки вредности, љубовта како движечка сила, личниот раст и потрагата по најдобрата верзија на себе.

„Соработката со Мила започна благодарение на Амир Бахтијаревиќ, кој нè запозна со неа. Тој беше личноста која не поврза со Croatia Records, заедно со нашиот менаџерски тим од БАГИ Комуникации. Едноставно ни се јави и рече дека Мила би сакала да соработува со нас и да сними нешто во нашето студио. Затоа решивме да направиме нешто заедно. Текстот е модерен и женствен и решивме да го обработиме во дует, јас и Мила“, изјави вокалистката CODE 369, Ирена Димовска Митревска.

„Многу ми се допаѓа Битола, се чувствувам добредојдено од првиот момент кога пристигнав. Овој град брзо ми стана близок, а најзаслужни за тоа се моите колеги Ирена и Даниел од групата CODE 369. Нашата соработка е на некој начин меѓународна и преку музика ги поврзуваме нашите земји: Македонија, Србија и Хрватска“, рече Мила.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ