Студија спроведена на дури 7.000 пациенти покажа дека редовната физичка активност, како умерено интензивно одење од најмалку 150 минути неделно, може значително да го намали ризикот од развој на 19 хронични здравствени состојби, вклучувајќи рак, депресија, срцеви заболувања и дијабетес.
Од друга страна, луѓето кои воопшто не вежбале биле изложени на најголем ризик од заболување од овие болести, пренесува Парад.
Како дел од студијата, пациентите пополнувале краток прашалник кој траел помалку од 30 секунди и вклучувал прашања за нивните навики за вежбање.
„Оваа едноставна алатка ни овозможува вреден увид во здравствената состојба на пациентот и треба да биде основа за препораки за физичка активност“, истакна еден од авторите на студијата, истражувач и професор доктор Лукас Кар.
Тој додаде дека се потребни подобри опции за поттикнување физичка активност, како што се упатства и препораки за вежбање и поддршка од локалните здравствени работници.
Истражувачите потсетуваат и на важноста да се разговара за физичката активност со вашиот доктор. Дури и ако тој не нè праша за навиките за вежбање, оваа тема можеме сами да ја споменеме. Малите промени во рутината можат да направат голема разлика за нашето здравје и долговечност.