понеделник, 18 ноември 2024

Клиниката „Жан Митрев“ со виолетови светла го одбележа денот на предвремено родени бебиња

Во знак на одбележување на Светскиот ден на предвремено родени бебиња, помош и поддршка за малите херои и нивните семејства, клиниката „Жан Митрев“ вчера се осветли во виолетова боја. Оваа година се одбележува под мотото „Мали дела, голем импакт: Непосреден контакт кожа на кожа за секое бебе, секаде“ што ја потенцира важноста од оваа техника која се покажува како ефективна, особено за предвреме родените бебиња.

Објавено на

часот

Сподели

Предвремено родените бебиња се најмали, но истовремено и најголемите борци и затоа секој 17 ноември се одбележува со разни активности со цел да ја подигне свесноста за предвременото раѓање и предизвиците со кои се соочуваат децата и семејствата.

Предвременото раѓање е глобален проблем кој се јавува во сите држави на светот. А статистиката вели дека едно од 10 бебиња се раѓа предвреме. Според Светската здравствена организација за предвреме родени бебиња се сметаат оние кои се родени пред завршување на 37-та гестациска недела (ГН) од вкупно 40 на целосна бременост. Сите овие бебиња се изложени на ризик од различни здравствени компликации. Затоа на овој ден, се организираат различни активности, вклучувајќи кампањи, семинари и настани за поддршка. Крајната цел е да се создадат подобри услови за предвремено родените деца и да им се обезбеди правилен развој, а истовремено да се подигне свеста во јавноста за предизвиците и потребите на овие мали борци.

Одбележувањето на овој ден е важен чекор кон подобрување на животот на предвремено родените деца и нивните семејства, нудејќи им надеж и поддршка во нивниот пат кон здрав развој, раст и благосостојба. Затоа активностите поврзани со прематурните бебиња во клиниката „Жан Митрев“ продолжуваат во текот на цел ноември.

Неодамна во клиниката се отвори Центарот за мајка и бебе и досега, природно и со царски рез се родени 5 бебиња. Центарот за мајка и бебе, располага со најсовремената опрема од врвни светски производители и искусен медицински тим кои се на располагање во секое време за грижа за мајката и бебето во сите фази од бременоста и по неа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ