вторник, 22 октомври 2024

Климатски состанок САД-Кина како подготовка за Светскиот самит на ОН во Дубаи

САД и Кина, двете земји со најголеми емисии на јаглерод диоксид во светот, ќе се сретнат овој викенд во Калифорнија за да разговараат за подготовките за климатската конференција на ОН КОП28 во Дубаи на крајот на ноември, објави Стејт департментот.

Објавено на

часот

Сподели

Пред очекуваната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на Соединетите Држави, американскиот претставник за климата Џон Кери в сабота ќе разговара за „зголемените амбиции за заштита на климата“ и мерките да се обезбеди успех на КОП28 со неговиот кинески колега Сие Џенгху во Палм Спрингс, објави Стејт департментот.

САД и Кина заедно се одговорни за речиси половина од светските емисии на стакленички гасови.

На 30 ноември околу 200 земји ќе се соберат во Дубаи на Конференцијата на ОН за климата, кон крајот на годината со рекорден пораст на температурата, зголемен број пожари и природни катастрофи, а сето тоа предизвикува загриженост во светот.

Едно од главните прашања на самитот во Дубаи ќе биде дефинирањето на контурите на фондот што засега се нарекува „Загуби и штети“, начелно договорен на претходната климатска конференција КОП27, кој треба да ги обесштети најсиромашните земји соочени со последиците од климатските промени.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден не се противи на овој фонд, но бара Кина да придонесе во него заедно со развиените земји.

Пекинг, кој често се прикажува себеси како „гласот на земјите во развој“, критикува дека во име на заштитата на климата, овие земји потпаѓаат под ограничувања што го попречуваат нивниот развој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ