понеделник, 21 октомври 2024

Кличко: Окупираните територии повеќе не се Украина (ВИДЕО)

Одржувањето избори за време на вонредната состојба може да биде кобен исход за Украина бидејќи изборите се секогаш политички натпревар, изјави градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко за ТВ Киев 24.

Објавено на

часот

Сподели

Според првиот човек на Киев, во моментов е физички невозможно да се создадат соодветни услови за гласање во Украина. Така на пример, како што посочи, луѓето на окупираните територии нема да можат да учествуваат на изборите.

„Оние територии кои се окупирани повеќе не се Украина и нема да имаат претставници“, кажа Кличко.

Според него, нејасно е како Киев ќе ги земе предвид овие територии во воена состојба.

Покрај тоа, Кличко смета дека одржување избори во Украина во актуелните услови „би довело до распад на Украина, бидејќи политичарите би почнале меѓусебно да се борат за власта“.

Одржувањето избори во Украина во војна е забрането, но постои таква можност, ако парламентот поддржи соодветни измени на законите.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ