вторник, 23 јули 2024

Кличко го нападна Зеленски: „Не можете вечно да лажете, еден ден ќе одговарате за грешките!“

Објавено на

часот

Сподели

„Има премногу информации кои не одговараат на реалноста“, изјави 52-годишниот поранешен светски шампион во бокс, обвинувајќи го украинскиот претседател за „грешки“. Тој ги повика сите да бидат искрени за реалната ситуација во Украина по руската инвазија. „Зеленски сега плаќа за грешките што ги направи“, смета Кличко.

„Се разбира дека можеме еуфорично да ги лажеме нашите луѓе и партнери, но не можете да го правите тоа засекогаш“, рече тој, давајќи му јасна поддршка на началникот на Генералштабот на Украина, генералот Валериј Залужни, кој ги поттикна критиките пред еден месец со изјавата дека војната дошла во ќорсокак.

Кличко смета дека Залужни ја кажал вистината што „некогаш луѓето не сакаат да ја слушнат“.

Тој се изјасни против политичките игри во Украина, велејќи дека не треба да има внатрешни конфликти во земја која се бори за опстанок. Поради ова, тој одби да разговара за своите лични планови и јавно му изрази поддршка на Зеленски. „Денес претседателот има важна функција и мораме да го поддржуваме до крајот на војната, но кога ќе заврши војната, секој политичар ќе треба да одговара за своите успеси и грешки“, изјави Кличко.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ