сабота, 19 октомври 2024

Кличко го нападна Зеленски: Ќе завршиме како Русија каде сè зависи од еден човек

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко жестоко го нападна украинскиот претседател Володимир Зеленски. Кажа дека Украинците ја губат довербата во него поради неговите постапки за време на руската инвазија и додаде дека владеењето на Зеленски станува сè повеќе автократско.

Објавено на

часот

Сподели

Кличко, поранешен шампион во бокс, а во конфликт со Зеленски од минатата зима, кога украинскиот претседател го обвини дека не го одржувал соодветно засолништата во Киев. Но, коментарите на Кличко укажуваат на растечкиот раскол во украинското раководство по неуспешната контраофанзива, пишува Тајмс.

„Луѓето се прашуваат зошто не бевме подобро подготвени за оваа војна, зошто Зеленски до последен момент негираше дека ова ќе се случи“, кажа Кличко за швајцарскиот медиум 20 минутен. „Луѓето гледаат кој е ефикасен, а кој не. Очекувања имаше и има многу. Зеленски плаќа за грешките кои ги направи“, додаде Кличко.

Според украинска анкета, која минатиот месец ја цитираше Економист, во Зеленски доверба имаат 32 отсто од Украинците. Најмногу доверба ужива генералот Валериј Залужни, началникот на оружените сили – 70 отсто. Во Кирил Буданов, шефот на воената разузнавачка служба, доверба имаат 45 отсто од украинските граѓани.

Кличко кажа дека Зеленски е изолиран и дека неговите авторитарни тенденции претставуваат опасност за украинското општество. „Во еден момент повеќе нема да се разликуваме од Русија, каде сè зависи од хировите на еден човек“, кажа тој во друго интервју за Шпигл.

Сепак, Кличко смета дека Зеленски не би требало да отстапи од претседателската функција сè до завршувањето на војната и дека сега не би требало да зборува за своите политички амбиции.

Претседателските избори во Украина требаше да се одржат во март, но беа суспендирани поради воената состојба воведена по руската инвазија. Киев соопшти дека гласањето не би било фер имајќи го предвид бројот на војници на фронтот и тоа што од Украина избегаа повеќе милиони граѓани.

Кличко не е единствениот со критики за Зеленски и неговата влада. Залужни минатиот месец оцени дека војната е во пат позиција од која веројатно нема да мрдне во догледна иднина. Зеленски негираше дека војната е заглавена, но минатата недела призна дека офанзивата не ги постигнала саканите резултати.

Олексиј Арестович, поранешен советник на претседателот, стана еден од најголемите критичари на Зеленски. Кажа дека Киев мора да преговара со Русија за завршување на војната, што Зеленски го отфрли.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ